ЕХФ Европски куп: ГРК Охрид пресилен за литвански Драгунас Клаипеда
- Ракометарите на ГРК Охрид со убедлив триумф од 30-19 во првиот натпревар од третото коло над литвански Драгунас Клаипеда ја продолжија вечерва одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп.
- На стартот од второто полувреме, противникот ја преполови предноста на Охрид (14-11), но составот на Ројевиќ брзо го запре налетот на Драгунас Клаипеда и го врати водството од +6 (18-12), а на крајот извојува уште поубедлива победа со завршна серија од 9-2.
- Литванскиот тим имаше водство од 4-2 во почетните минути, по што ракометарите на Охрид возвратија со серија од 4-0 и го задржаа силното темпо кое на полувремето им донесе предност и од највисоки шест голови разлика (13-7).
Извори
- ЕХФ Европски куп: ГРК Охрид пресилен за литвански Драгунас Клаипеда
Извор: kurir.mk
- Oхрид пресилен за литванската екипа
Извор: republika.mk
- ЕХФ Европски куп: ГРК Охрид пресилен за литвански Драгунас Клаипеда
Извор: sportclub.mk