Еурофарм Пелистер со триумф над Алкалоид обезбеди настап во Европската лига
- Во последниот натпревар сезонава во македонската Суперлига, ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа вечерва во дербито против Алкалоид со 31-26.
- Со триумфот пред домашната публика во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер го обезбедија второто место на табелата и настап во Европската лига на ЕХФ.
- Капитенот Филип Кузмановски со седум голови го предводеше Еурофарм Пелистер до победата, додека Дамјан Митев постигна идентичен број голови во редовите на Алкалоид, кој ја заврши сезоната на четвртото место.