Експертите предупредуваат: Светското првенство 2026 се соочува со топлотен шок и екстремни прекини
- Кога САД последен пат беше домаќин во 1994 година, температурите на теренот надминуваа и 40 степени, но поради глобалното затоплување, денес интензитетот на овие топлински бранови е дополнително зголемен.
- Играњето во три различни временски зони, огромната влажност на воздухот и варијациите од 18 до 38 степени Целзиусови ќе претставуваат огромен стрес за организмот на фудбалерите, па фокусот на стручните штабови ќе биде ставен на брзата медицинска регенерација.