Дејан Митров доминираше во Пласница: Четири победи и прво место на меѓународниот пеливански турнир
- Дејан Митров уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите македонски пеливани, освојувајќи го првото место на меѓународниот турнир во пеливанско борење, кој викендов се одржа во Пласница.
- Добар настап забележаа и Горан Ангелов, Стојанче Данилов и Тоше Ангелов, кои достојно го претставија Штип на овој престижен турнир.