Дендијас: Грција го поддржува она што се нарекува ‘Солунска агенда’, што значи влез на Западниот Балкан во ЕУ
- Сметаме дека за стабилноста, мирот на Балканот, апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, посочи министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендијас.
- Како што знаете, нашата татковина, Грција, веќе децении го поддржува она што се нарекува ‘Солунска агенда’, што значи влез на Западниот Балкан во Европската Унија, во европското семејство.