ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп
- Раководствата на двата клуба во координација со Европската ракометна федерација се договорија да нема гостински навивачи, па така во Охрид ќе нема организирана група од Грција.
- На првата средба во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.