„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ДОЛГОГОДИШНАТА СОРАБОТКА СО МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
- Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во новата натпреварувачка сезона останува медицински спонзор на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, продолжувајќи ја долгогодишната успешна соработка и посветеноста кон здравјето, безбедноста и спортските успеси на кошаркарите.
- Од МЗТ Скопје Аеродром изразија благодарност за континуираната поддршка, истакнувајќи дека партнерството со „Аџибадем Систина“ е од особено значење за професионалниот развој и постигнувањето нови спортски успеси.