Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Тигањ
- Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
- Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.