Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром
- Орце Ѓорѓиевски, информира дека е означен почетокот на нова зона за паркирање и воведување дигитални услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром.
- Денес, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона D12, лоцирана во Реонскиот центар во Општина Аеродром, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.