Ѓорѓиевски и „Скопје Филм Студио“ потпишаа меморандум за соработка во пресрет на „Скопје 2028“
- Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е потпишан Меморандум за соработка со „Скопје Филм Студио“ и организаторот на Скопскиот филмски фестивал, Томи Салковски, со цел воспоставување долгорочно партнерство за развој на филмската уметност и збогатување на културната понуда во главниот град.
- Според Ѓорѓиевски, соработката има за цел да придонесе за посилна меѓународна афирмација на Скопје и за натамошен развој на Скопскиот филмски фестивал, како и негово поцврсто позиционирање на регионалната и европската културна сцена.