Ѓорѓиевски и Костовски извршија увид во изградбата на мега парк во Бутел
- Проектот е дел од програмата за изградба на четири мега паркови на територијата на Скопје.
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош”, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал.