Ѓорѓиевски: Дива депонија во Сарај се чисти и ќе прерасне во голем модерен парк
- Денес, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, го посетивме просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое до вчера беше дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.