Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.
- Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје.