Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз станува реалност, 70 милиони евра се веќе одобрени
- Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, рече Ѓорѓиевски.
- Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Владата на Република Македонија официјално го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, отворајќи нова ера на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспорт.