Чаир го заокружи културното лето со концерт на Младинскиот оркестар на Западен Балкан
- Од 1 јуни, Плоштадот „Скендербег” и Старата скопска чаршија беа сцена на богата културна програма, со албанска и фолклорна музика, класична музика, театар, филм, активности за деца и други настани за публика од сите возрасти.
- Општина Чаир ќе продолжи со поддршка и развој на културните програми, со цел настаните започнати и реализирани ова лето да се зацврстат, да прераснат во традиција и да придонесат кон културниот и туристичкиот потенцијал на Чаир и Старата скопска чаршија.