(ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина.
- Градоначалникот на Град Скопје истакна дека оваа акција претставува почеток на нов пристап кон одржувањето на градот, каде редот, чистотата и одговорноста ќе станат секојдневие.