(ФОТО) Градежни активности во Илинден: Се асфалтира и проширува улица „11“
- Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во населба Илинден, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта.
- Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.
- Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.