Улицата „8 Март” во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска сподели дека улицата „8 Март“ во Дебар Маало ќе добие ново урбано катче за дружење, одмор и рекреација.
- Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март” во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри.