Стојкоски: Спречен поголем проблем во Хром, од канализацијата извадени теписи, облека, завеси и влажни марамчиња
- Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром навреме бил откриен и отстранет сериозен проблем во канализацискиот колектор.
- Голема количина отпад, меѓу кој теписи, черги, остатоци од влажни марамчиња, облека, завеси и работна облека, била извадена од канализацискиот колектор на улицата Воин Драшкоци во населбата Хром.