Стефковски најави повеќе од 60 проекти за ова лето – ќе има нови улици, градинки и училишта
- Општина Гази Баба започнува интензивен летен период на реализација на капитални и развојни проекти, при што во ист временски период ќе бидат реализирани повеќе од 60 проекти во речиси сите населени места на територијата на општината.
- Во делот на спортската инфраструктура, до крајот на летото ќе бидат завршена новата спортска сала во Црешево и ќе заврши првата фаза за изградба на салата во Железара, кои ќе овозможат подобри услови за спорт и рекреација на младите.