Скопје добива нов лик: Се финишира булеварот „Македонија“, следуваат нови кружни текови и подземна сообраќајница
- Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.
- Во рамки на првата фаза, извршена е реконструкција на постојниот коловоз и проширување на дел од сообраќајните ленти на булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“.