Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто
- Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто денеска беше официјално пуштен во употреба, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска, премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
- Навистина е прекрасен и знам дека ќе биде инспирација и за учениците и за наставниците“, рече Јаневска додавајќи дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата, затоа што, како што нагласи – сите деца заслужуваат еднаков пристап до квалитетни услови за образование.