Првото одобрение за градење со „нула денари“ комуналии во Аеродром стана реалност
- Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница, велат од општината Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.
- Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии.
- Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом“, соопштија од локалната самоуправа, упатувајќи честитки до првиот корисник и до сите млади кои одлучуваат да живеат во оваа општина.
Извори
-
Првото одобрение со 0 денари комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром е веќе реалност
Извор: kurir.mk
-
Првото одобрение за градење со „нула денари“ комуналии во Аеродром стана реалност
Извор: press24.mk
-
Издадено првото одобрение со 0 денари комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром
Извор: 24info.mk