Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино
- Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината.
- Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот.
- Финансиските средства за реконструкција на домовите на култура се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, при што во изминатиот период беа реконструирни домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите домови на култура на територија на општината.
Извори
-
Започна реконструкцијата на Домот на културата во Мралино
Извор: kurir.mk
-
Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино
Извор: skopjeinfo.mk
-
Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино
Извор: 24info.mk