Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино
- Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино“, информираа од Општина Илинден.
- Станува збор за делница во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде покрај целосната реконструкција на коловозот, се предвидува и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, со чија изведба значително ќе се подобрат условите за сите учесници во сообраќајот.
- Со започнатото асфалтирање и интензивните теренски активности, Општина Илинден продолжува со реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот, рамномерен развој и современо уредување на сите населени места.
Извори
-
Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино
Извор: skopje1.mk
-
Асфалтирана улицата „11“ во Кадино
Извор: skopjeinfo.mk
-
Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино
Извор: kurir.mk