Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија – инвестиција од околу 29 милиони денари
- Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 29 милиони денари, со цел Чаршијата повторно да стане модерен, функционален простор со зачуван историски идентитет.
- Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении.