ЗОО Скопје слави 100 години постоење: Град Скопје најавува модернизација и стремеж за враќање во европското семејство
- На настанот присуствуваше и експертот Марјо Худемакер, чија поддршка, заедно со новата енергија и стручност, ќе придонесе кон процесот на модернизација и унапредување на стандардите, со цел повторно приклучување кон Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.
- Во присуство на гости, експерти и соработници, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски го најави почетокот на одбележувањето на значајниот јубилеј 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје.