Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”
- Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона.
- Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона.