Вонредни дезинсекции за спас од комарците: Општина Кисела Вода ги повика граѓаните да ги затворат прозорците
- Откако пред два дена Министерството за здравство соопшти дека е прогласена епидемија на западнонилска треска во неколку скопски општини и во една во скопската околина, низ градот започнаа вонредни дезинсекции против ларви од комарци за заштита на здравјето на граѓаните.
- Центарот за јавно здравје на Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, на 12 август спроведе ларвициден третман на подрачјето на Драчево, каде што се третираа каналите, застоените води, влажните места и другите критични точки каде што постојат услови за развој и размножување на комарците.