(Видео) Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?!
- Советничката од Левица, во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу обвинува дека веќе трет месец не и се доставува одговор на советничко прашање, поврзано со договорите и анексите склучени помеѓу ЈСП и фирмата „Маратон”.
- Јавноста е запознаена со тоа дека овие договори го осакатуваат ЈСП со тоа што наместо претпријатието, кајмакот од највидливиот рекламен простор во државата го собира ‘Маратон’”, вели Мустафаоглу.