Бутел ќе се поврзе со Аеродром: „35-ка“ ќе вози до Радишани - за неколку дена ќе стартува пробно
- Автобуската линија 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе се поврзе со Општина Аеродром, најави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
- Тој информира дека процедурата за продолжување на линијата е завршена и дека е постигнат договор со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и со директорот на ЈСП.