Базар на средношколци од 22 скопски училишта по повод 100 години Скопска зоолошка градина
- Средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во заедничка мисија посветена на животните и поддршката на Зоолошката градина Скопје, во рамки на дводневниот базар „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните“.
- По повод големиот јубилеј, 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, на 25 и 26 септември ( петок и сабота) , од 12 до 15 часот, во Скопје ЗОО ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”.