Омаж на Анте Поповски во Кинотека: Времето кога големиот интелектуалец беше на чело на „Вардар филм“ се нарекува „Златно доба на македонската кинематографија“
- Во петок, на 5 јуни, во 20. во летното кино на Кинотеката, на отворено, ќе бидат прикажани долгометражните играни филмови „Време, води“ (1980) на Бранко Гапо и „Црвениот коњ“ (1981) на Столе Попов, во кои Анте Поповски се јавува како продуцент односно тогашен директор на продуцентската куќа „Вардар филм“.