Штип ќе поставува алармни системи низ училишта, но и 190 камери на јавни површини
- По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави.
- Тоа што го планираме е и на јавните површини, на голем дел од пристапите до самите институции ќе се постват безбедносни камери кои верувам дека ќе служат на СВР-Штип, кога имаме ваков инцидент за полесно да се утврди сторителот и да се санкционира – изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.