Ноќеска во Кичево, сообраќајка направил без возачка и со алкохол во крвта
- во 00:25 часот, на улицата „Душан Јовески“ во Кичево, лишен од слобода е Х. Ш. Тој, управувајќи патнички автомобил „голф“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во бетонска ограда, а по извршен увид полициските службеници констатирале дека тој немал положено возачки испит и бил под дејство на алкохол со 1,63 промили алкохол во крвта.