Коњановски: Идеите на граѓаните ни помагаат да го компонираме општинскиот буџет
- Идеите, предлозите, сугестиите на граѓаните ни помагаат заеднички да го компонираме тоа што е во границите на буџетот, а тоа значи заедничко формирање на буџетот на Општина Битола, истакна градоначалникот Тони Коњановски на првата сесија од традиционалниот Буџетски форум организиран од локалната самоуправа.