Ексклузивен авто-викенд адреналин на четири тркала во Кичево, 30 возачи ќе се тркаат на авто-слалом кој се бодува за Државно првенство на Македонија
- Љубителите на автомобилскиот спорт и адреналинот и овој викенд ќе имаат причина повеќе да го посетат авто-мотодромот во Кичево, во склоп на касарната „Чеде Филипоски-Даме“, каде во недела (27 септември) ќе се одржи атрактивната трка во авто слалом, која се бодува за Државното првенство на Македонија за историски возила.