Нова слика од црната дупка во галаксијата M-87 ја потврдува Општата теорија за релативноста на Ајнштајн
- Нова анализа на податоците, искористени за создавање на првата слика од црна дупка во 2019 година, доведе до истиот резултат – карактеристичниот облик на сјаен прстен.
- Во 2019 година, соработката наречена „Телескоп на хоризонтот на настани“ (Event Horizon Telescope - ЕХТ) го воодушеви светот со објавувањето на првата слика од една црна дупка.