Многумина граѓани дојдоа во Градски парк во Скопје на бесплатни прегледи на бенки, дамки и промени на кожата
- Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и лекување на кожните карциноми со посебен акцент на малигниот меланом, изјави примариус д-р Зорица Зафировиќ додавајќи дека има многу заинтересирани граѓани за нивната превентивна акција.