Дина Јашари го носи „Растенија без корен“ во Хрватска
- Една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, Дина Јашари, кон крајот на март ќе одржи мини турнеја во Хрватска, каде што во Чаковец, Риека и Загреб ќе го претстави својот деби албум „Растенија без корен“ – издание кое веќе привлекува сериозно внимание кај публиката и медиумите.
- Концертите ќе се одржат на 26 март во Чаковец (Клуб Простор), 27 март во Риека (Клуб Немо) и 28 март во Загреб (Клуб Катран).