Во планинско село на Халкидики осветлена првата новогодишната елка во Грција
- Празничната, божиќна атмосфера пристигна во малото планинско село Таксиархис на Халкидики, познато и како селото на елките, каде што синоќа, традиционално, како и секоја година во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил, беше осветлена новогодишната елка, што воедно е и првата што се осветлува во Грција, јави дописничка на МИА од Грција.