Вики Чадиковска: „Доста прашуваме што направила жртвата, како била облечена, зошто молчела - вината за насилството е кај насилникот“
- Бидејќи уште постојат мажи, а уште пострашно и жени кои вината ја лоцираат кај жртвите, некои лекции мора да ги совладаме: многу е погрешно кога во случаи на насилство одговорноста се бара кај жртвата, наместо кај оној што го извршил насилството“, вели новинарката Вики Чадиковска во својот моќен апел.