Алиу: Чекаме од Сенатот на УКИМ да одобри дали на Медицински факултет ќе има тригодишни студии за парамедици со кои ќе се реши недостигот на кадар во Брзата помош
- Од Сенатот на УКИМ чекаме одговор дали ќе ја одобрат новата студиска програма на Медицинскиот факултет во Скопје за парамедици која треба да трае три години и со која ќе се реши недостигот на кадар во Брзата помош, изјави денеска министерот за здравство во заминување Азир Алиу на брифинг, одговарајќи на новинарско прашање.