DAY.MK

обновено 19:05, 29.05.2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

пред 11 часа 3 извори
Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

Кратко

  • Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото општество и како еден од најсилните инструменти на културната дипломатија.
  • Токму низ таа призма треба да се разбере значењето на титулата Скопје Европска престолнина на културата за 2028 година, истакна Љутков.
  • Осврнувајќи се на потенцијалот на Скопје, Љутков посочи дека градот претставува редок простор на повеќеслојна културна и цивилизациска комуникација, чија автентичност произлегува токму од неговата сложеност и способноста да создава дијалог меѓу различни традиции, идентитети и искуства.

Повеќе статии