Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал
- Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа презентирани бројни идеи, искуства и насоки за унапредување на интернационализацијата и засилување на регионалната соработка во делот на високото образование.
- Зголемените вложувања во високото образование, засновани на регионална соработка и размена на искуства во рамки на европските мрежи и иницијативи, но и пошироко, ќе ни помогнат да споделуваме ресурси, да креираме заеднички проекти и да изградиме хабови за иновации кои ќе го забрзаат економскиот и општествениот развој на сите нас, рече Јаневска.
- Беше потенцирана важноста на инвестирањето во знаење, иновации и врски со индустријата, како и усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд, како основа за создавање конкурентен и иновативен систем на високо образование.
Извори
-
Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал
Извор: skopje1.mk
-
Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал
Извор: kanal5.com.mk
-
Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал
Извор: kurir.mk
Повеќе статии
Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода
8 извори
Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени
4 извори
Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
4 извори