Јаневска: Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство
- Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата, а една од главните причини е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата.
- Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, организирана во Охрид по повод утрешниот Меѓународен ден на младите – 12 Август, од Советот за млади, кој работи под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.
- Нагласи дека во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето, но и за родителите кои одбиваат да соработуваат со училишните служби.
Извори
-
Јаневска: Во училиштата, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно
Извор: makfax.com.mk
-
Јаневска: Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство – институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки
Извор: republika.mk
-
Годишно се пријавуваат околу 50 случаи на врсничко насилство, бруталноста постојано расте
Извор: meta.mk
-
Јаневска: Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство
Извор: netpress.com.mk
-
НЕ РАСТЕ ОБЕМОТ, ТУКУ БРУТАЛНОСТА ВО ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО Јаневска најави казни и за родителите
Извор: plusinfo.mk
-
Јаневска: Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство - институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки
Извор: www.fakulteti.mk
Повеќе статии
7 извори
9 извори
5 извори