DAY.MK

обновено 21:14, 31.10.2026

Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните

пред 4 часа • 5 извори
Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните

Кратко

  • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со обезбеден автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
  • Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее… Зашто посебно е чувството кога убавината за која слуша светот ја гледаш со свои очи и знаеш дека е дел од твојот град“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
  • Како дополнителен мотив за промоција на пештерата Врело, градоначалникот го посочува подвигот на полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој достигна длабочина од 338 метри, со што Врело е запишана како најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Повеќе статии