Шасивари-Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството
- Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси.
- Се разговараше за реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки и заеднички активности меѓу правосудните институции на двете земји.
- Турција е наш значаен партнер, а размената на знаење, искуства и добри практики ќе придонесе за поефикасен, потранспарентен и помодерен правосуден систем“, истакна министерот Шасивари.
Извори
-
Шасивари-Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството
Извор: makfax.com.mk
-
Шасивари-Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството
Извор: zurnal.mk
-
Шасивари-Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството
Извор: kurir.mk