DAY.MK

обновено 14:47, 22.11.2026

Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство

пред 76 часа • 3 извори
Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство

Кратко

  • Министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, на вториот ден од Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини, во име на Владата ги презентираше конкретните заложби за унапредување на законската и институционалната заштита на децата од сите форми на насилство.
  • Посебно внимание беше посветено на спречувањето на насилството во училиштата и воспоставувањето функционални меѓусекторски тимови во сите центри за социјална работа, со цел навремено препознавање на ризиците, координирано постапување на институциите и обезбедување соодветна поддршка за секое дете на кое му е потребна заштита.
  • Министерот нагласил дека меѓународните заложби мора да бидат проследени со конкретни законски решенија и функционални институционални механизми.

Повеќе статии