Чучуљ: ДКСК не смее да се меша во работата на Обвинителството
- ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.
- Тоа е одлука на Обвинителството, а и иницијативата беше од претходниот состав на ДКСК.
- Ние сме на став дека треба да има поголема соработка на ваквите тела, како Комисијата со Обвинителството, особено и во фазата на подготвување на иницијативите, за тие да бидат поиздржани, истакна Чучуљ, одговорајќи на новинарско прашање, дали е изненаден од ваквата одлука на Обвинителството.
Извори
-
Чучуљ: ДКСК не смее да се меша во работата на Обвинителството
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Чучуљ: ДКСК нема надлежност да се меша во одлуките на Обвинителството за случајот со мазутот
Извор: 4news.mk
-
Чучуљ: Не би ја коментирал одлуката за случајот со мазутот, ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството
Извор: 24info.mk
-
По запирањето на истрагата за мазутот, ДКСК со став: Обвинителството не е наша надлежност
Извор: faktor.mk
-
Чучуљ: Антикорупциската комисија нема надлежност да се меша во одлуките на Обвинителството за случајот со мазутот
Извор: zurnal.mk